Почна седницата на Советот за безбедност

Во кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски, почна седницата на Советот за безбедност, на чиј дневен ред се безбедносната состојба во државата и евроатлантскиот регион.

Како што соопшти кабинетот на шефот на државата, на оваа 19-та седница, што се одржува во вила „Водно“, покрај членовите на Советот за безбедност присуствуваат и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Зарко Милошевски и директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу.

Осумчленото тело го сочинуваат: претседателот на Собранието, Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски, министрите за внатрешни работи, одбрана и за надворешни работи Оливер Спасовски, Славјанка Петровска и Бујар Османи, Ненад Марковиќ, професор на Правниот факултет „Јустинијан I“ при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, Трајан Гоцевски, поранешен министер за одбрана и универзитетски професор и Ветон Љатифи, професор на Универзитетот на Југоисточна Европа.

По седницата не се предвидени изјави. За заклучоците од седницата Кабинетот на Пендаровски ќе информира со соопштение.