На Јанакиески нема да му се суди за делото за кое не призна вина во „Титаник”, обвинителството се откажа од прогон

0
357

На последното рочиште за случајот „Титаник” обвинителката Лиле Стефанова се откажа од кривичниот прогон против поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески за преостанатото, едно, кривично дело, за кое не призна вина.

Станува збор за делото „Злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања“, за што е пропишана казна од најмалку пет години.