Нов бран врнежи во Македонија, дополнително ќе залади во следните часови

0
37

Во следните часови, како и вечерва под влијание на нов влажен воздушен бран од запад  и од северозапад, во Македонија, особено во северните  и во западните предели ќе има нови врнежи од дожд со променлив интензитет.  Преку денов и тоа особено во југозападните предели ќе дува засилен ветер од југозападен правец, додека кон крајот на денов  и вечерва ветерот ќе го промени својот правец  во западен и во северозападен, и повеќе ќе биде изразен Долж Повардарието.

И во Скопскиот регион во следните часови, како и вечерва ќе има нови повремени врнежи од дожд, додека кон крајот на денов ќе засилува ветерот од северен и од северозападен правец.

Максималната температура денес ќе се искачува во интервалот од 15 до 24 степени, во Скопје таа ќе достигне до околу 21 степен. Да напоменеме за време на овој влажен бран, локално во северните  и во западните предели од државава ќе наврнат над 15 литри дожд на м/2.

Поради продор на уште поладен воздух од север, кон крајот на денов и во текот на ноќта се очекува дополнително заладување на времето, па така на високите планински места низ Македонија ќе има услови и за провејување на снег, стои во најновиот извештај од метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

meteoalarm.mk