Луксузната јахта на рускиот милијардер Абрамович укотвена во југозападна Турција

Луксузната јахта на рускиот олигарх Роман Абрамович е укотвена во медитеранскиот туристички град Мармарис на турската ривиера, известува Агенција Анадолија (АА).

Според информациите од Општина Мармарис, јахтата „Еклипса“ од 162 метри е опремена со мини подморница, хелиодроми и базен.

Руските олигарси се подложни на санкциите од западните земји, а јахтите што им припаѓаат беа неодамна запленети, па дури и нападнати среде војната меѓу Москва и Украина.

„Еклипса“ е изградена во 2010 година и чини околу 340 милиони евра.

Супер јахтата се очекува да биде укотвена во Мармарис една недела, а потоа да наполни гориво.

Извор: Агенција Анадолија (АА).