Гутереш повика да се стави крај на „апсурдната војна“ во Украина

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш повика да се стави крај на „апсурдната војна“ што Русија ја започна против Украина, нарекувајќи ја „непобедлив“ конфликт што ги става луѓето во „жив пекол“.

„Продолжувањето на војната во Украина е морално неприфатливо, политички неодбранливо и воено бесмислено“, изјави Гутереш пред новинарите во Њујорк.

Повеќе од четири недели откако Русија ја започна својата неиспровоцирана инвазија на својот сосед, украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека неговата земја е на „работ на преживување“ додека воздушните напади ги погодуваат големите градови.

извор/фото: Радио Слободна Европа