Македонската фудбалска репрезентација не успеа да направи ново чудо, загубивме од Португалија на „Драгао“ со 2-0 и не успеавме да се пласираме на Светското првенство во Катар.
По победата над Италија, Македонија дојде на еден чекор до пласман на Светското првенство, но не успеавме да ја шокираме и Португалија која покажа повеќе и заслужено го зема билетот за Катар.
Македонските фудбалери го дадоа максимумот, но противникот кој има исклучително моќни поединци ги казни нашите грешки и дојде до победа од 2-0.
Ние остануваме да бидеме горди на нашите фудбалери кои за првпат во историјата дојдоа до толку блиску до Мундијал, не успеавме да си го оствариме сонот, но не разочаравме.