Повредена средношколка која се обидела да ги раздвои своите врсници кои се тепале

На 31.03.2022 во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека околу 14:00 часот во училница во средно училиште на подрачјето на Бит Пазар настанала физичка пресметка помеѓу двајца малолетни соученици.

Според пријавеното, тие биле разделени, по што едниот од нив излегол од училницата и набргу потоа се вратил со уште едно лице и се обиделе физички да го нападнат другиот ученик.

Како што е пријавено, тие биле спречени од останатите ученици, меѓу кои и ученичка, која ја повредиле.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.