Денес од печат излегува поштенска марка ДЕЦА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ

0
114
Филателијата на Македонска пошта и филателистите низ светот од денес се побогати за уште една РЕТКА ПОШТЕНСКА МАРКА!
Денес од печат излегува поштенска марка ДЕЦА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ –ФЕНИЛКЕТОНУРИЈА (Phenylketonuria (PKU)) и како таква марка е прва во светот. Поштенската марка е со номинална вредност од 36.00 денари и со прво печатење од 6.000 примероци. Поштенска марка ќе биде промовирана на светскиот ден на Фенилкетонурија 28 јуни.
За поздравување е фактот што Македонска пошта со ова дело по којзнае кој пат, уште еднаш покажа дека е општествено одговорна компанија која се грижи за своите граѓани, особено за пациентите со ретки болести посветувајќи поштенски марки на најранливата категорија – ДЕЦАТА.