СДСМ треба да бидат покреативни. Имаат двојни аршини. Ако на СДСМ им пречи црната листа на САД дали тоа значи дека Љубе Бошкоски и Мендух Тачи кои се на црната листа на САД ќе ги исфрлат од коалицијата со која ја делат власта, се евли во Соопштението од ВМРО ДПМНЕ, кое е реакција на прес конфренцијата на Дарко Каевски.
Во продолжение на реакцијата се додава:
СДСМ за власт и пари прават се, па дури и коалицираат со политичари кои се на црна листа на САД.
Власта на СДСМ прави и бизнис со фирми кои се на црна листа на САД, и кои се анти НАТО.
СДСМ не престануваат со лагите и криминалот, за да владеат и крадат не бираат со кого коалицираат.
Кога цела држава протестира за повисоки плати и подобри услови за живот, СДСМ се занимаваат со листи, а не со решавање на проблемите на народот.