Каевски: Мицкоски го брани шефот Груевски, затоа молчи за црната листа на САД

Втор ден Христијан Мицкоски молчи за фактот што САД на својата црна листа го стави неговиот шеф и осуден криминалец во бегство Никола Груевски. Причината за овој потег сите добро ја знаеме а тоа е вмешаноста на Груевски во корупција и криминал. Или како што наведува Стејт департментот: искористување на неговото политичко влијание и моќ за лична корист, злоупотреба на моќта на својата функција за да бара и зема мито во замена за владини договори; присвојување државни средства; и мешање во изборните процеси. Сето ова граѓаните го слушнаа и во бомбите, во материјалите од Вистината за Македонија. Бројни судски пресуди и признанија во предметите како „Титаник“ „Тенк“ Таргет Тврдина“ ги потврдија криминалните дејствија на Никола Груевски и неговите соработници. На црната листа на САД заедно со Груевски е и братучедот Сашо Мијалков, истакна Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ.

Во продолжение ја пренесуваме прес конференцијата во целост:

Молкот, тишината на Мицкоски е силна потврда на се она што го говориме и што граѓаните добро го знаат.Христијан Мицкоски е еден од сорботниците на Никола Груевски, негова десна рака, негов советник, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

До денеска Христијан Мицкоски се нема оградено ниту еднаш за целиот криминал на ВМРО-ДПМНЕ.Не слушнавме ниту осуда за сторените дела, ниту згрозување, ниту извинување кон граѓаните.

Наместо повик за одговорност со години Христијан Мицкоски е на браникот на криминалот на режимот и на Никола Груевски. Затоа Мицкоски молчи.Затоа голем број поединци кои беа блиски соработници на Груевски во 11 годишниот режим, сега се блиски соработници на Мицкоски.

Во ВМРО-ДПМНЕ нема ниакакква промена, тоа е истата режимска и криминална партија.