ВМРО ДПМНЕ: СДСМ за да владеат и крадат коалицираат со Тачи и Бошкоски кои се на црна листа на САД

СДСМ треба да бидат покреативни. Имаат двојни аршини. Ако на СДСМ им пречи црната листа на САД дали тоа значи дека Љубе Бошкоски и Мендух Тачи кои се на црната листа на САД ќе ги исфрлат од коалицијата со која ја делат власта, се евли во Соопштението од ВМРО ДПМНЕ, кое е реакција на прес конфренцијата на Дарко Каевски.

Во продолжение на реакцијата се додава:

СДСМ за власт и пари прават се, па дури и коалицираат со политичари кои се на црна листа на САД.

Власта на СДСМ прави и бизнис со фирми кои се на црна листа на САД, и кои се анти НАТО.

СДСМ не престануваат со лагите и криминалот, за да владеат и крадат не бираат со кого коалицираат.

Кога цела држава протестира за повисоки плати и подобри услови за живот, СДСМ се занимаваат со листи, а не со решавање на проблемите на народот.