Почина младата Британка поради која авион принудно слета во Белград, правела операција на намалување на желудникот во Турција

0
226

Млада Британка трагично почина додека се враќала од Турција откако била оперирана во таа земја на стомак.

Британката Морган Рибеиро (20) на почетокот на јануари долетала во Истанбул со своето момче за да и се изврши операција на стомакот. Таа не сакала да чека владата да и ја одобри операцијата и платила 2.500 фунти за зафатот во Турција. Операцијата била успешно завршена и по неколку дена лекарите кои ја оперирале дале зелено светло да се врати во татковината.

Проблемите настанале на летот за Британија на 9 јануари кога на Морган и се слошило. Поради нејзината лоша состојба, авионот принудно слетал во Белград, каде 20-годишната девојка починала. Утврдено е дека тенкото црево било исечено при процедурата, што довело до тешка инфекција. Хирургот и отстранил повеќе од 10 сантиметри од тенкото црево, а Морган доживеала срцев удар како последица на инфекцијата. Таа била хоспитализирана во Белград и доведена во индуцирана кома, но починала четири дена подоцна.

Нејзиното семејство тврди дека не знаеле за операцијата. Единствена која покрај нејзиното момче знаела зошто оди во Турција е нејзината 26-годишна сестра која тврди дека со сите сили се обидела да ја одврати од операцијата која носи бројни ризици.

Мајката на Моргана, Ерин Гибсон (44) покренала кампања за собирање пари за да го пренесе телото на нејзината ќерка во Британија.

“За време на нејзиното воспитување, таа беше многу малтретирана, секогаш се бореше со вишокот килограми и тешко прифаќаше дека има силно тело. И кажав дека е убава личност и убава од внатре. Кога дознав дека требаше да се оперира, веќе беше доцна, полета за Турција. Не сакам никому да му се повтори ова. Не сакам нејзината смрт да биде залудна“, вели мајката.

Организацијата што го поврза Морган со клиниката за овие процедури се оградува од секаква одговорност.

@m0rg4n.m4ri4My surgery date is 5/1/24 IF YOU WANT TO FOLLOW MY JOURNEY IVE TAGGED MY WLS ACCOUNT ❤️

♬ Confidence (sped up version) – Ocean Alley

Реагираше и британската влада

Дечкото на Моргана, кој патувал со неа, рекол дека се консултирала со лекари уште во септември минатата година.

„Во Турција пред операцијата не и кажаа за какви било ризици. На враќање, кога и се слоши, стјуардесата и даде вода и мраз и ја однесе да и даде кислород. Навистина изгледаше многу лошо“, рече тој.

„Визер“, компанијата со која летаа, потврди дека авионот морал принудно да слета поради лошата состојба на еден патник. За овој случај се огласи и британската влада.

„Ги предупредуваме сите кои размислуваат за медицински процедури во странство прво да ги проучат нашите совети за патување и да добијат информации од здравствените власти во нивната татковина. Нашите мисли се со семејството на девојчето кое трагично загина во Белград. Во контакт сме со локалната властите во Србија“, велат тие.

Нов трагичен случај

Смртта на Морган Рибеиро доаѓа само неколку дена откако почина млада мајка од Манчестер која беше подложена на операција на подигнување на задникот во Турција. Деми Агоља се разболела неколку часа пред да се врати во Британија. Последните денови ги поминала на интензивна нега, но немало како да ја спаси. Зад себе оставила три деца, меѓу кои и седуммесечно бебе, пишува Дејли Мејл.