ВМРО ДПМНЕ: Во овој момент се врши тешка кражба во Дрисла каде се изнесува бакар како отпадно железо, МВР на Спасовски молчи, власта се богати

0
256

Во овој момент се врши тешка кражба во Дрисла каде се изнесува бакар како отпадно железо, МВР на Спасовски молчи, власта се богати.

Во овој момент според нашите основани сомневања и информации во Јавното претпријатие Дрисла се врши тешка кражба на бакар кој се изнесува под ставката отпадно железо, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение на истото се додава:

МВР на Спасовски молчи и премолчено одобрува изнесување на материјал вреден десетици илјади евра.

Власта се богати, додека Данела Арсовска која е миленичето на СДС менаџира случај каде има основано сомневање за криминал тежок до стотина илјади евра.

Ваков криминал не е можен без поддршка и знаење на централната власт. Вака се обезвреднуваат јавните претпријатија од страна на нова крими коалиција Арсовска – СДС.

извор: ВМРО ДПМНЕ