Неделков: Штрајкот ќе продолжи, немаме конкретно ветување за зголемување на платите

0
239

Штрајкот ќе продолжи и во наредните денови зашто немаме конкретно ветување дека зголемувањето на платите ќе биде во висина од некој процент. Со преговори ќе продолжиме и сме расположени во секое време да се сретнеме кога ќе побараат од нас, ќе бидеме достапни, изјави претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков по денешната средба со министерот за образование и наука Јетон Шаќири, на кој се разговарало на повеќе теми поврзани со образовниот систем во државата.

– Сите сме расположени да прекине штрајкот и да почне наставата, но секако за тоа треба да одлучи членството, а ќе одлучи само врз основа на конкретен предлог што би го прифатиле мнозинството од членовите, рече Неделков, додавајќи оти тоа се разговори, преговори и многу ќе зависи од тоа како ќе завршат во однос на зголемување на платите.

Очекуваме овие денови МОН да излезат со конкретен предлог, па и со некаков допис, како што рече, што написмено ќе го имаме од нив како гаранција за тоа што се договараме. Дали веднаш ќе можеме да одлучиме да се стави штрјкот во мирување или не, потенцира Неделков, ќе зависи од тоа што МОН односно Владата ќе излезе со предлог.