За понеделник во 15 часот е закажана Собраниската седницата за реконструкција на владата. Четворица нови министри и петмина заменици содржи конечниот список за реконструкција што премирот Ковачевски го доставил до Собранието а за кој ќе гласаат пратениците, објави Телма.
Телма ги објави речиси сите имиња на кадри што вчера ги договорија премиерот и лидерот на Алијанса за Албанците.
Новина во објавениот список е ротирањето на заменикот во правда, Агим Нухиу, од редовите на ДУИ кој е предложен за заменик министер во образование а на негово место треба да дојде Викторија Аврамовска Мадиќ, секретар во град Скопје, додека градоначалник беше Шилегов.
Таа ќе му биде заменичка на Кренар Лога, член на ДИК кого Алијанса го предлага на местото на Тупанчевски.
Нов министер за здравство треба да биде докторот од Неврологија, Фатмир Меџити.
За министерка за животна средина, Каја Шукова, која до сега беше државен секретар во ова министерство.
Алијанса го доби и министерското место во информатичко општество на Алтернатива, каде го предлагаат професорот од универзитетот на Југоисточна Европа, Азир Алиу.
Алијанса предлага заменичките позиции во министерствата за одбрана и земјоделство да се пополнат со досегашниот советник,Тирон Јајага и универзитетската професорка, Вјолца Бериша.
За заменик министер во здравство предложена е директорката на Институтот за физикална медицина, Маја Манолева.
Од Алтернатива денеска не го коментираат потегот на премиерот кој без да ги чека го поднесе предлогот за реконструкција до Собранието.
Текстот во целост на: Телма