(ФОТО) Кралот Чарлс се појавил во џамија со дупка на чорапите

Британскиот крал Чарлс Трети имаше непријатност со своите чорапи при посета на џамија во Лондон.

Чарлс ги соблекол чевлите при влегувањето во џамијата, а фотографите веднаш забележале дека има дупка на едниот чорап, пишува express.co.uk.

Фотографиите од неговите чорапи веднаш се појавија на насловните страници на британските медиуми, а на многумина модниот гаф им е симпатичен со оглед на тоа што кралот е познат по рециклирање облека. Случката доживеа голем број коментари на Твитер.

„Слушнав дека кралот Чарлс бил толку горд на своите дупнати чорапи што не сакал да ги фрли и продолжил да ги носи – додека еден ден не му паднале сите прсти на нозете“, „Дури и кралските членови не се имуни на модните промашувања“ , се само дел од коментарите.

фото: express.co.uk.