Герасимовски: Азбест горел во „Треска, тоа што го видов можеме да го споредиме со Чернобил

Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, вчера предупреди дека во кругот на поранешната дрвна индустрија „Треска“ има голема површина на азбестен материјал и најави иницијатива за негово расчистување.

„Мојата информација е дека во „Треска“ има 35.000 до 40.000 метри квадратни азбестен кров. Во вчерашниот пожар беше зафатен и кровот, а денеска сѐ уште паѓаат азбестните плочи. Искрено, јас по долго време, вчера првпат влегов и тоа што го видов можеме да го споредиме со Чернобил. Значи многу шут, азбестни кровови, жителите споделуваа дека таму има и животни и глувци големи како мачки, затоа моја препорака е дека земјиштето побрзо треба да се расчисти“, рече вчера Герасимовски по увидот што беше направен по пожарот кој изби во кругот на поранешната фабрика.

И извори на Државниот инспекторат за животна средина потврдија дека првичните сознанија се дека гореле азбестни табли.

 

извор: Фактор