Иконата на Свети Василиј Острошки паднала од ѕидот во едно домаќинство во Требиње за време на силниот земјотрес кој го затресе регионот ноќта на Велики петок. Како што тврдат домаќините за српските медиуми, иако иконата се искршила од падот, ликот на светецот останал недопрен.
Сè околу неговиот ореол беше скршено, но ликот остана недопрен и без оштетувања. Ова е чудо, рекла Босанката.
Земјотресот со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала беше регистриран на 22 април во 23 часот и 7 минути, денот кога православните христијани го одбележуваат Велики петок, денот на Христовото страдање и најтешкиот христијански ден.