Во земјотресот во Требиње паднала икона од ѕидот, само ликот на Василиј Острошки останал недопрен

0
344

Иконата на Свети Василиј Острошки паднала од ѕидот во едно домаќинство во Требиње за време на силниот земјотрес кој го затресе регионот ноќта на Велики петок. Како што тврдат домаќините за српските медиуми, иако иконата се искршила од падот, ликот на светецот останал недопрен.

Сè околу неговиот ореол беше скршено, но ликот остана недопрен и без оштетувања. Ова е чудо, рекла Босанката.

Земјотресот со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала беше регистриран на 22 април во 23 часот и 7 минути, денот кога православните христијани го одбележуваат Велики петок, денот на Христовото страдање и најтешкиот христијански ден.

извор: Република