MНР за Арифи: Немаме испратено предлог за амбасадор

0
343

Министерството за надворешни работи како шпекулации ги оцени информациите што ги објавија одредени медиуми дека не било прифатено барањето за агреман за амбасадор на нашата земја во Европската Унија, бидејќи, како што посочуваат од МНР, таков предлог воопшто не бил пратен.

-Министерството за надворешни работи ги демантира шпекулациите кои се појавија во одредени медиуми дека не е прифатено барање за агреман за амбасадор на Република Македонија во Брисел од причини што досега воопшто не е пратен предлог за добивање на агреман до Европската Унија, затоа што се уште нема усогласен предлог на државата за амбасадор, се вели во денешната реакција од МНР.