Од 1 јули ќе се воведат различни тарифи на електрична енергија

0
356

Најавуваните примени со воведување различни тарифи за домаќинствата во зависност од потрошувачката на електрична енергија се воведуваат од 1 јули, најави премиерот Димитар Ковачевски, објаснувајќи ги мерките за намалување на последиците од енергетската криза.

-Се прават калкулации за воведување нова методологија, за утврдување на цената на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи, кои се на регулираниот пазар на електрична енергија, што се менува од 1 јули, со тоа што ефектите ќе бидат дополнително утврдени, нагласи Ковачевски.

Премиерот сепак не објасни до колку киловати ќе значи плаќање по пониската тарифа, туку дека со оваа методологија се оневозможува злоупотреба на електричната енергија.

-Оние што ги злоупотребиле броилата за домаќинствата за вршење некакви активности или злоупотреба на електричната енергија на пример, за копање криптовалути, ќе плаќаат повисока цена во согласност со потрошувачката и со тоа енергијата што ја добиваат нема да може да биде субвенционирана од државата или да биде дел од пресметката од цената што ја плаќаат сите граѓани, објасни Ковачевски.