Мијалков во честитката за Рамазан Бајрам: Се надевам дека почитувањето, простувањето, разбирањето ќе ви донесат поголеми успеси во животот

0
316

Честит Рамазан Бајрам !
На сите кои го прославуваат овој месец на пост им посакувам добро здравје, среќа и благосостојба во семејствата, напиша во честитката Сашо Мијалков.

Во честитката Мијалков додава: „Врувам дека денешниот празник, моите пријатели од исламска вероисповест го поминуваат во радост со своите најблиски и се надевам дека почитувањето, простувањето, разбирањето и сите други вредности кои ги подразбира Рамазан Бајрам ќе ви донесат поголеми успеси во животот на секое поле.
За многу години празникот.