Камчев доби упатен акт да се појави во затвор

Бизнисменот Орце Камчев денеска добил упатен акт за издржување на затворската казна од една година која ја доби со направената спогодба за случајот „Империја“.

Информацијата за „Фокус” ја потврдиле од Кривичниот суд.

Ова сепак не значи дека Камчев уште денеска ќе оди во затвор.

-Денот на јавувањето во установата се одредува така што на осуденото лице да му останат најмалку осум, а најмногу 13 дена од денот на приемот на упатниот акт, вели Законот за извршување на санкциите.

Камчев има законска можност да побара и одложување на издржувањето на затворската казна.

Камчев, покрај затворската казна, се согласи и да плати отштета на државата од 5,2 милиони евра.

Текстот во целост на: „Фокус”