Спасовски: На претседателски и парламентарни избори ќе може да се гласа и со стари лични документи

Остварување на кое било граѓанско право нема да биде доведено под знак прашање доколку навреме не се променат личните документи, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Прашан дали со старите лични документи ќе може да се гласа на претстојните претседателски и парламентарни избори, тој рече дека сега воопшто не се поставува тоа прашање.

За искажаниот став на народниот правобранител дека личните документи со додавката „северна“ треба да бидат на товар на буџетот на државата, Спасовски вели дека засега нема таква одлука.

Во однос на промената на личните документи коишто ги имаме засега нема каква било друга одлука од таа која што е донесена. Значи, тие треба да бидат променети, рече Спасовски во одговор на прашање при денешното одбележување на Денот на Единицата за брзо распоредување во Куманово и нагласи дека веќе се променети над еден милион документи.

Спасовски изјави дека навдн, согласно одредбите од Преспанскиот договор, сите граѓани заклучно со февруари 2024 година треба да ги променат личните документи на кои мора да стои новото уставно име на државата.

Извор: Република