Во рамки на официјална посета на Словенија, министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за одбрана на Словенија Марјан Шарец, го посетија Паркот на воената историја Пивка каде со церемонија беше извршено примопредавање на музејски експонат, германски против-воздушен топ „Флак 38“ од Втората светска војна, донација од Северна Македонија.
„Музеите се наше автентичното наследство – места каде се потсетуваме и учиме за историјата, места кои инспирираат, нè поврзуваат со нашите предци и нè потсетуваат на настаните од минатото. Чест ми е што со нашата донација ќе ја збогатиме поставката во овој музеј“, рече министерката.
Паркот на воена историја во Пивка содржи поставки на оружје и воена опрема од Втората светска војна од подрачјето на регионот од поранешна Југославија.
Официјалната посета на министерката Петровска на Словенија продолжува и утре, со посета на Воздухопловна база на словенечките вооружени сили во Церкље об Крки каде ќе биде изведена показна вежба и посета на регионалното Школо за операции воздух – земја.
извор: Влада
фото: Влада