Телото на Матеј денеска ќе биде испратено во Хрватска

Телото на Матеј Периш денеска од црквата Свети Антониј во Белград ќе биде испратено во Сплит, каде ќе биде погребан, соопштија од белградската надбискупија. Телото ќе биде изложено во црквата од 15 часот, а во 17 часот ќе има погреб што ќе го предводи белградскиот архиепископ Станислав Хочевар, јавуваат српските медиуми.

Да потсетиме, вчера беше потврдено дека младиот човек чие тело беше пронајдено завчера во Дунав е Матеј Периш. Според Телеграф, ДНК анализата докажала дека се работи за исчезнатиот граѓанин на Сплит. Причината за смртта, очекувано, е давење, покажа обдукцијата. Ќе се прави и токсиколошка анализа, но овие резултати се очекуваат за неколку недели.

Неговото тело го извлекле морнарите завчера наутро околу 09 часот и 30 минути. Телото е пронајдено на местото наречено Ада Хуја, кое се наоѓа низводно од островот Голема војна, на сливот на Сава и Дунав, кое неколку пати било детално пребарувано.

По наредба на обвинителството е направена обдукција и ДНК анализа, а резултатите од токсиколошките анализи според експертите за белградските медиуми ќе бидат познати за неколку недели.

„МВР официјално соопштува дека со ДНК анализа на телото пронајдено во Дунав, на Ада Хуја, вчера околу 9.20 часот е утврдено дека се работи за хрватскиот државјанин Матеј Периш (26) чие исчезнување е пријавено во белградската полиција. на 31 декември минатата година“, соопшти српската полиција, пренесува Телеграф.

 

фактор.мк