Пукање во Тексас, загинати најмалку 19 ученици и двајца наставници

0
172

Најмалку 19 деца загинаа при пукање во основно училиште во Тексас во текот на вчерашниот ден, јавија американски медиуми, пренесе ДПА.

Во инцидентот загинаа и две возрасни лица.

Напаѓачот, на возраст од 18 години, е убиен од безбедносните сили, но, медиуми нагласуваат оти не е јасно дали и тоа лице се брои меѓу оние, кои го изгубија животот.

Си-ен-ен претходно информираше дека осомниченото лице ја убило баба си пред да се упати кон училиштето, цитирајќи повеќе извори.

 

курир.мк