Пописот обелодени загрижувачки податоци – над 508 илјади граѓани немаат завршено ниту средно образование

0
1008

Последниот сет податоци од Пописот, којшто го објави Државниот завод за статистика во однос на писменоста и образованието кај резидентното население, открива загрижувачки податоци. Над 508 илјади граѓани во Северна Македонија немаат завршено ниту средно образование, а над 672 илјади граѓани немаат високо образование. Во земјата има 18.897 неписмени лица или 1.2 проценти, од кои најголемиот број се жени – 13 380, објави DW.COM.

Половина милион од попишаното население или воопшто не поминало низ образовниот процес, или пак го започнале школувањето, но не завршиле ниту осмо одделение. Или посликовито прикажано преку пописните бројки: 23.192 лица или 1.5 % од граѓаните се без образование, 62.129 лица или 4.1 % се со незавршено основно образование, а 423. 456 лица или 27.8 % се само со основно образование.

Средно образование имаат завршено 672.375 лица или 44.1 %, додека високо образование имаат завршено 263. 349 граѓани или 17.3 %. Своето знаење со магистратура го заокружиле 29.654 македонски граѓани или 1.9 %, додека 6.037 лица или 0,4 % имаат и докторат. Од Заводот за статистика укажуваат и дека за 45.174 лица или 3.0 % нема податоци за нивната школска подготовка.

Текстот во целост на: DW.COM

фото: Архива