Од денеска ново замрзнување на маржите на основните прехранбени продукти

Од денеска, заклучно со 30 септември, белиот леб, белиот шеќер и сончогледовото масло за јадење ќе се продаваат со пет насто трговска маржа во трговија на големо и пет насто во трговија на мало. За пченично брашно, тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, бел ориз, трајно млеко и јајца се утврдува маржа од десет проценти во трговија на големо и трговија на мало. Ова вчера го најави министерот за економија Крешник Бектеши, кој изјави дека од денеска, со објавување во „Службен весник“, оваа одлука ќе стапи во сила, а ќе трае до 30 септември годинава. Дополнително на тоа, како што додаде, во делот на формирање на цени, до крајот на годината нема да се пресметуваат никакви дополнителни оперативни трошоци и нема да се одобруваат ниту рабат ниту надоместоци на секој трговец на мало кои ги плаќа трговецот на големо или производителот.

Радио Слободна Европа