Груби објави фотографија со Ахмети и Рама: Со премиерот и претседателот во Приштина

Првиот вицепремиер Артан Груби на друштвената мрежа Фејсбук објави фотографија на која се гледаат, тој, лидерот на ДУИ Али Ахмети и премиерот на Албанија Еди Рама.

Над фотографијата Груби напиша: Со премиерот и претседателот во Приштина.

Најверојатно фотографијата е од пред два дена во Приштина, кога лидерот на ДУИ присуствуваше на промоција на книга.

Инаку денеска падна одлука, премиерот Димитар Ковачевски заедно со премиерот на Албанија Еди Рама и претседателот на Србија Александра Вучиќ утре да патуваат на Советот за Западен Балкан во ЕУ.

извор: ФБ Артан Груби