Стојановска: Џафери се изживуваше со сите пратеници од опозицијата, за мене со потсмев им велеше на своите обожаватели да ме видат

Ако сакаме да ја споредиме работата на претседателот на Собранието, тоа е една чаша со пиво кога ќе се преполни и ќе почне да претекува, објаснува пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска на седницата за интерпелација на собранискиот спикер Талат Џафери.

„Џафери се изживуваше со сите пратеници од опозицијата. За мене со потсмев им велеше на своите обожаватели да ме видат. Како да сме на излет во некоја планина или пак забавувачка во некое кабаре. Да го прогласиме Џафери за женомрзец“, вели Стојановска.

извор: Република
фото: Архива