Амбасадорот на Туркије во Скопје од Северна Македонија побара екстрадиција и депортација на околу 80 члена на ФЕТО

0
289

Амбасадорот на Туркије во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок, изјави дека од Северна Македонија е побарана екстрадиција и депортација на околу 80 члена на терористичка организација на Фетула (ФЕТО), известува Агенција Анадолија (АА).

Секизќок се сретна со претставниците на медиумите во амбасадорската резиденција на Република Туркије во Скопје.

Потсетувајќи дека 15 јули се доживува како ден на демократијата и националното единство во Туркије, Секизќок рече дека на 15 јули 2016 година се случил обид за државен удар, каков што не се памети во светската историја.

Зборувајќи дека обидот за државен удар беше неуспешен благодарение на водството на претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган и решителниот став на безбедносните сили и на турскиот народ, амбасадорот Секизќок истакна дека е важно да не се заборави овој обид за пуч.

Посочувајќи дека ФЕТО е терористичка организација од новата генерација, која води стратегија за инфилтрирање во државните институции со цел освојување и заземање на државата однатре, амбасадорот Секизќок истакна дека сето тоа организацијата го прави скриена зад маската на образованието и услугите, и додаде дека младите кои ФЕТО ги злоупотребува за свои потреби, ги поставува во владини институции, и преку образованието и медиумските институции, како и преку банкарскиот сектор и трговските претпријатија кои дејствуваат на економски план, во Туркије и во други земји ги користат како параван за структуирање на организацијата.

Текстот во целост на: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).