Спасовски: Убивањето животни нема да се толерира

0
362

Полициските службеници вчера во Зоолошката градина во Скопје се соочија со една слика која не доликува на ниту еден граѓанин, а камоли на институција која се занимава со одгледување животни, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, за скандалот во Зоолошката градина во Скопје, каде беа заклани 12 коњи и една мазга за да се нахранат дивите животни. Тој очекува случајот да се истражи до крај и да се прати порака дека таквите однесувања нема да се толерираат.

– Вчера, Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за крим-полиција во Полициска станица Карпош заедно настапија во ЗОО. Имаме поднесено кривична пријава против директорот и уште пет лица кои се вработени во ЗОО. Навистина мислам дека тоа беше една слика којашто не доликува воопшто на ниту еден граѓанин, а не на институција којашто треба да се занимава со одгледување на животни, со една хумана професија. Така што, постапката и пред Обвинителството и пред надлежните органи, треба да се заврши до крај, се со цел да се прати јасна порака дека такви однесувања не смеат да се толерираат во иднина, потенцира Спасовски во изјава за медиумите.

МВР претходно соопшти дека се поднесени кривични пријави против директорот и уште пет вработени лица од Зоолошката градина Скопје.

– На 14.07.2022 во 18 часот, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при МВР и Одделението за криминалистички работи Карпош лишија од слобода пет лица, и тоа Д.М.(25), А.М.(43), М.Х.(45), В.Г.(46), вработени во Зоолошката градина во Скопје и З.Р.(44), надворешен соработник, соопшти МВР.

фото: Архива