(ВИДЕО) Денес Земјата ќе биде погодена од соларна бура

0
379

Соларна бура предизвика огромна ерупција на површината на Сонцето и ќе ја погоди Земјата на 19 јули во утринските часови. Пред пет дена џиновска сончева дамка ги исплаши астрономите за можни сончеви блесоци и исфрлање на коронарна маса кон Земјата.

Претчувствата се остварија, бидејќи во петокот на површината на Сонцето избувна огромен сончев блесок. Научникот и истражувач од непрофитната Aerospace корпорација и наградуван едукатор Тамита Сков предвидува директен погодок на соларната бура во Земјата.

„Тоа ќе биде директен погодок. Филамент кој личи на змија е лансиран како голема соларна бура додека бил во зоната на удар во Земјата. НАСА предвидува удар во раните утрински часови на 19 јули. Можни се силни аурори длабоки во средните ширини“, напиша Сков ва својот твит.

За споредба, најголемата соларна бура која е снимена во историјата, позната како настанот Карингтон, испржи телеграфски жици и предизвика шумски пожари, носеше класификација Г5.

 

info.mk