Посетете го Дрилон, кај Поградец, место со прекрасна природа, дебели сенки и ресторани со највкусна охридска пастрмка.
Овој споменик на природата може да се посети ако се движите по пато од Поградец во Албанија кон границата со Македонија кај манастирот Свети Наум.
Тоа е голем варовнички извор кој вертикално тече кон водата на крајот од варовничкиот блок и продолжува да се влева во Охридското Езеро.
Водата доаѓа од Преспанското Езеро поминувајќи под планианта Галичица. Изворите се со издашност од 7 m³ во секунда.
Опкружени е со густа вегетација и има богат животински свет.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
View this post on Instagram
Ова место за одмор го претпочитале кралот Зогу и комунистичкиот претседател Енвер Хоџа.
Паркот кај изворите во Дрилон, веднаш по границата, со мостчињата, водата и кајчињата многу наликува на Свети Наум. Некогашната резиденцијална вила на Албанскиот диктатор и други реставрирани и нови објекти, нудат хотелско сместување и угостителски услуги на светско ниво. Охриѓани почнаа масовно да одат на излет и рибен ручек со коран, салата и вино во питоресктните села Дрилон и Тушемиште.