Десет лица, меѓу кои три мали деца, загинаа во пожар во семејна куќа во Пенсилванија

Пожарот избувна околу 2:45 часот по полноќ во Нескопек, мала земјоделска заедница во округот Луцерн покрај реката Сускехана во североисточниот агол на Пенсилванија.

Телата на сите 10 жртви се пронајдени во урнатините на куќата. Меѓу загинатите има седум возрасни лица на возраст од 18 до 79 години, заедно со тројца малолетници – две момчиња на возраст од пет и шест години и едно седумгодишно девојче, соопшти локалната полиција.

Тројца возрасни лица ја напуштиле куќата неповредени, се вели во соопштението на полицијата. Засега нема официјални детали за околностите или потеклото на пожарот што ја уништи двокатницата.

 

24sata.hr