Македонија во Топ 5 земји кои треба да се посетат на Балканот, според Гардијан

0
360

Престижниот британски дневен весник „Гардијан” објави статија во која на своите читатели им препорачува Топ 5 земји од Балканот што треба да ги посетат, меѓу кои и Македонија.

„Веќе ги посетивте Шпанија, Италија и Грција? Време е за овие земји кои нудат спектакуларни пејсажи и антички локалитети”, се вели во воведот.

Во својата листа на дестинации што весникот ги издвојува како привлечни за туристите и како алтернатива на популарните туристички атракции, во фокус ги става природните убавини на нашата земја, огромните зелени пространства, но посебно се заджрува на балканскиот бисер Охрид.

„Иако е без излез на море, земјата е благословена со езера: нејзиното најпознато езеро Охрид, е едно од најстерите во Европа воедно и најдлабоко, но исто така тука може да ги посетите и Преспа, Дојран и околу 50 помали леднички езера. Охрид е топ атракција под заштита на УНЕСКО, опкружен со стари манастири, со бројни барови и ресторани покрај плажа. Во вашите активности во Охрид може да вклучите и пловење со брод, параглајдинг или пак да посетувате часови по готвење покрај езерото…”, пишува „Гардијан”.

Понатаму, се посочуваат и туристичките атракции на главниот град Скопје, а на љубителите на активниот туризам им се препорачува посета на националниот парк Маврово кој воодушевува со сите негови природни убавини.

Покрај Македонија, во истата листа се наведени и Словенија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора.

 

fashionel.mk