14 годишното девојче кое изчезна се јавила на семејството и кажала дека е во Косово по своја волја

Четиринаесетгодишно девојче од Злокуќани било пријавено за исчезнато доцна по полноќ.

Случајот со исчезнувањето во полицијата го пријавил таткото на малолетничката кој трагал по неа.

Сепак, девојчето подоцна се јавило кај неговата тетка и ја известило дека по своја волја заминало кај Б.Б. во Косово.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, велат од МВР во дневниот билтен.