(ВИДЕО) Судијката која судеше за пасошите издадени на светски криминалци: Полицијата и Обвинителот намерно изоставиле „дел од службените лица“

Судиката Оља Ристова, која судеше во случајот „Двојник“ за издавање на 215 македонски пасоши на белосветски криминалци, вели дека полицијата и Обвинителот го подготвувале предметот селективно намерно изоставувајќи „дел од службените лица“.

Ристова истакнува дека никому не му е јасно зошто се случувало тоа, освен на полицијата и на Обвинителот, којшто се занимавал до тој предмет.

Судијката порачува дека за да се надминат ваквите сериозни пропусти треба да има ревизија на тој предмет.

https://twitter.com/Trollowsky/status/1562109397995851776?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1562109397995851776%7Ctwgr%5Eb3a608125b4a5520c87a78a7804a18898c7b07ce%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Frepublika.mk%2Fvesti%2Fmakedonija%2Fsudijkata-koja-sudeshe-za-pasoshite-izdadeni-na-svetski-kriminalci-policijata-i-obvinitelot-namerno-izostavile-del-od-sluzbenite-lica%2F