Турската полиција открила и запленила речиси два тона хашиш во прав, објави на Твитер министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу.
Uyuşturucuyla mücadelemiz hız kesmiyor❗
Eren Abluka-34 Operasyonu'nda; Diyarbakır İl Jandarma Komutanlığı İstihbarat ve KOM Şube Müdürlüğü'nün ortaklaşa operasyonunda toplam
1️⃣ TON 9️⃣2️⃣9️⃣ KG
TOZ ve KUBAR ESRAR
ELE GEÇİRİLDİ.Kahraman Jandarmamıza tebrikler👏👏👏 pic.twitter.com/PEOzswLlyH
— Süleyman Soylu (@suleymansoylu) August 24, 2022
Дрогата била запленета во акција на жандармеријата во југоисточниот округ Дијарбакир, спроведена заеднички со припадници на Одделот за разузнавање и на Дирекцијата за борба против организираниот криминал.
Точната количина на запленетата дрога е тон и 929 килограми.
Министерот упати честитки до жандармеријата за акцијата и посочи дека турските служби продолжуваат со интензивната броба против илегалната трговија со дрога и наркотици.
извор: TWITTER