Внуката и ја отпеа роденденската песна, баба Сузе пресреќна

0
220

Сузана Спасовска, нашата позната фолк пејачка секоја година во овој период од годината е зафатена со организација на Лешочкиот фолк фест. Затоа својот роденден, таа го прославува работно.

Сузана вчера освен роденден слави и именден, Св.Сузана.

– Секоја година откако сум зафатена со Лешочкиот фолк фест кој е на 27.08. го прославувам работно, но наоѓам и малку време за еден роденденски ручек со најблиските. На овој роденден и именден Клара, мојата внука ми испеа среќен роденден и тоа е најголемиот подарок за мене и најубавиот роденден“, раскажа Сузе за Женски магазин.

– Инаку,, мене ми е убаво и кога работно го прославувам бидејќи сум навикната на многу обврски и ангажираност во секој момент и тоа ме исполнува“, ни изјави Сузе и се присети на интересните случки од нејзините претходни родендени.

Случки има многу , и некои се на турнеи, на фестивали, на сцената кога колегите ме изненадуваат со честитки за роденденот и именденот. Си посакувам скоро исто секоја година, да ме служи здравјето, мене и моите блиски, да си ја задржам насмевката и во овие тешки времиња ,да имам успешни проекти и да врви работата, Господ да не чува сите и да го помилува светот“, вели Спасовска.

 

zenskimagazin.mk