ЕСМ: РЕК Битола изврши кратко тестирање, работиме по сите стандарди

РЕК Битола врши повремено тестирање на постројката ,,стартна котлара”, чија намена е да дава поддршка на блоковите при потреба за зголемено количество водена пареа за турбините. Таква проверка на функционалноста е направена денеска помеѓу 6.30 и 7.00ч, при што е утврдено дека истата е функционална и е на располагање да се вклучи во системот во секој момент, за краткотрајно зголемување на снагата на блоковите во одредени куси периоди во текот на производниот процес.

Постројката работи на мазут, и во првите моменти од пуштачките операции има зголемено испуштање на чад и издувни гасови. По извршеното кусо тестирање, стартната котлара е повторно исклучена.

Во прилог е даденa фотографиja од работењето на РЕК Битола во овој момент од коja се гледа работењето на термоелектраната со два блока.

АД ЕСМ вложува максимално напори за работење по сите стандарди, во услови кога производството на електрична енергија од јаглен и мазут во услови на енергетска криза е неизбежно. Граѓаните да бидат спокојни во однос на посветеноста на компанијата да ги одржува електраните и да вложува во обновливи извори.

АД ЕСМ во последните 5 години имаше исклучителни вложување во проекти за заштита на околината и намалување на загадувањето, како што се капитални и редовни ремонти на блоковите со што се оптимизира нивната работа и се намалува загадувањето при нивното работење, стандардизирано одлагање на пепелта преку водено отпепелување, отворање нова касета за пепел, пошување со багремови садници и создавање зелен појас кон населените места, редовно чистење, постапка за добивање А-интегрирана дозвола, како и проекти за поставување сончеви електрани и гасна електрана во РЕК Битола.

извор: ТВ 21