Поради непријатна реа која се шири од депонијата формирана во Комуналното претпријатие во Кичево, жителите од населбата Коњски ливади дишат загаден воздух.
Депонијата се наоѓа на само 200 метри од населбата, а речиси две години локалните мештани не можат да ги отворат прозорците за да ги проветрат просториите. Не можат ниту да пијат кафе на балконите, бидејќи лошата миризба е присутна постојано.
Од наши извори додаваме дека граѓаните го губат своето драгоцено трпение и доколку не се преземат соодветни мерки за оваа работа која му пречи буквално на секого, ќе се жалат до повисоко институционално ниво.
тв21.мк