Обвинителот Трајче Пеливанов кој речиси две години е во Обвинителството за гонење организиран криминал, по предлог на републичкиот обвинител Љубомир Јовески и одлуката за избор од Советот на јавни обвинители, ќе раководи со оваа институција.
Изборот на Пеливанов доаѓа откако во петокот беше потврдена суспензијата на обвинителката Вилма Русковска, која има мандат за да биде шефица на ова обвинителство.
Одлуката за поставување на Пеливанов била едногласно изгласана од присутните членови на седницата. Тој ќе ја обавува функцијата до завршувањето на суспензијата на Русковска или до избор на нов шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал со оглед на тоа што мандатот на Русковска истекува во ноември.
Пеливанов беше дел до тимот на Катица Јанева во Специјалното јавно обвинителство каде беше четири години, односно од 2015 до 2019 година. Обвинителската кариера ја започнал во Основното јавно обвинителство во Скопје во 2009 година, каде бил до 2015 година. Тој има стаж од 11 години. Во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција беше избран минатиот април, кога беше оценет со 25 поени за тоа како ја извршува својата работа.
фото: Република