Шеиците од Обединетите Арапски Емирати очигледно не знаат што да правата со изобилието на пари кои ги имаат во свој посед. Или пак можеби многу добро знаат што прават и што сакаат. Иако можеби звучи чудно „на прва“ за тоа дека Дубаи може да добие „сопствена месечина“, сепак позадината на сето тоа е многу „понормална“. Имено најголемиот град во ОАЕ би можел да лансира летувалиште за дестинација во облик на месечина, кое чини 5 милијарди долари, дизајнирано од канадската архитектонска компанија, Moon World Resorts Inc. Одморалиштето високо 735 метри е дизајнирано да биде изградено во рок од 48 месеци и се очекува да прими 2,5 милиони гости годишно.
Наречена едноставно „The Moon“, градбата треба да ја зголеми економијата во Емиратот преку различни сектори, вклучително и велнес центар, ноќен клуб, вселенски туризам, угостителство, технологија и многу повеќе, додека исто така ќе биде опкружена со она што е предвидено да биде лунарна површина. Површината од 10 хектари вклучува автентична „месечева колонија“ и е наменета за оние кои бараат прифатлив пристап за да го истражуваат вселенскиот туризам.
Покрај нејзините атракции, The Moon во Дубаи ќе биде центар за вселенските агенции и нивните астронаути.
Дестинацијата ќе вклучува и 300 приватни станбени единици „Скај вили“ достапни за купување. Сопствениците ќе станат и членови на ексклузивен приватен клуб во одморалиштето.
maskimagazin.com