Една ѕвезда, оддалечена околу 3.000 светлосни години од Сончевиот систем, не е видлива со голо око од Земјата од 1946 година, но тоа ќе се промени.
Ѕвездата, позната како Северната круна (T Northern Crown -T CrB), би требало да стане значително посветла во септември оваа година, објави НАСА.
Таа би требало да биде речиси исто толку светла како ѕвездата Северница, која е 48-та најсветла ѕвезда на ноќното небо.
Корона Бореалис, или Северна круна, како што се нарекува соѕвездието на оваа ѕвезда, е едно од 88-те современи и 48 оригинални соѕвездија на Птоломеј.
Според грчката митологија, таа ја претставува круната што Дионис ѝ ја дал на Аријадна на свадбата, кога Аријадна ја оставил Тезеј (или Дионис ја украл од Тезеј, во зависност од легендата).
T CrB е инаку редок пример на ретроградна нова, т.е. бинарен систем во кој ладно црвен џин и помало, врело џуџе орбитираат еден околу друг.
На секои 80 години, црвенкиот џин исфрла материја на површината на белото џуџе, што доведува до силна експлозија, предизвикувајќи нивната сјајност од 10,8 степени да достигне втора или трета светлинска величина. (Во астрономијата, колку објектот е посветлен, толку е помала магнитудата. За споредба, величината на полната месечина е -12,6).
Другите бинарни системи имаат слична динамика, но не во толку кратки временски циклуси, пишува Live Science.
Астрономите предвидуваат дека оваа година, исто како и во 1866 и 1946 година, нивната светлина ќе стане посилна..
macedonian.trtbalkan.com