Убиен е клучниот човек на Путин за Арктикот

ИВАН Печорин (39), генерален директор на корпорацијата за развој на Далечниот Исток и Арктикот, загина кога, наводно, паднал од брод со полна брзина. Несреќата се случила во саботата во близина на островот Руски во Јапонското Море, во близина на Владивосток, пишува Newsweek.

Според руската Комсомолскаја Правда, Печорин работел на модернизацијата на авијацијата и бил човек на Путин за истражување и развој на Арктикот.

Последниот јавен настап на Печорин беше на Источниот економски форум, кој се одржа од 5 до 8 септември во Владивосток.

 

Ова е уште една во низата чудни смртни случаи на моќници во руската економија. На првиот ден од септември беше објавено дека починал Равил Маганов, нафтен тајкун и поранешен шеф на Лукоил. Тој наводно паднал од болнички прозорец на шестиот кат.

 

index.com