Шефот на Обвинителството Ислам Абази и Бојан Јовановски се поздравија откако Боки 13 поднесе кривични пријави против претходничката Вилма Русковска, експремиерот Зоран Заев, сите поранешни генерални секретари на СДСМ меѓу кои и Оливер Спасовски.
Изборни нерегуларности и измами, незаконско финансирање на политичка партија, злоупотреба на јавни набавки и средства се само дел од кривичните дела кои според Боки 13 ги сториле посочените во пријавите.
– Именувани директори, лица кои вршеле јавни функции, судии и обвинители, ексфункционери – сите беа дел од кривично-правната операција Бумеранг. Имавме прв распит пред предметен надлежен обвинител. Се работи за кривични дела за изборни нерегуларности и измами, незаконско финансирање на политичка партија, злоупотреба на јавни набавки и средства. Станува збор за повеќе дела за кои се поднесени кривични пријави, рече Јовановски.
Боки 13 е уверен дека пријавите ќе резултираат со судски предмети и сите ќе одговараат. Тука ја посочи и ексобвинителката Русковска која според него ја злоупотребила службената положба и примала поткуп.
– Мислам дека ќе произлезат предмети каде лицата од СДСМ ќе одговараат. Поднесена е кривична пријава и против Вилма Русковска за злоупотреба на службена положба, примање поткуп, примена на тортура. Зоран Заев е скоро во секоја пријава, додаде Јовановски.
Јовановски тврди и дека Вилма Русковска знаела колку години ќе добијат осудените за 27-ми април, уште пред Добрила Кацарска да ја објави пресудата.
skopjeinfo.mk