Од денес (сабота) екстремно топлиот бран “ЛУЦИФЕР” полека ќе попушта, па така и температурите секој нареден ден постепено ќе опаѓаат, а атмосферата се повеќе ќе се дестабилизира.
Денес во попладневните и во вечерните часови локално ќе се развиваат грмотевични облаци, па така на повеќе места во Македонија ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите можно е да бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со силен ветер и со појава на град.
Сепак, од утре (недела), па се до вторник и тоа под влијание на висински циклон со центар над Италија ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер во Македонија. На повеќе места ќе има и појава на силно невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни грмежи и електрични празнења и со појава на град.
Апелираме во случај на појава на невреме и на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
И во Скопската котлина исто така и тоа особено од утре (недела) до вторник ќе има честа појава на пороен доижд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на невреме.
Што се однесува до температурите, тие викендов ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени, позначително температурите ќе опаднат во почетокот на следната седмица кога тие ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 32 степени, пишува метеопрогнозерот Славчо Попоски.