Внукот од Тоше, Христијан заљубен во хрватката Маринела

0
422

За Кристијан Ристески, внукот на нашаиот ангел Тоше Проески, се знае дека е музички талентиран, а само еден доказ за тоа е песната „We are blo od“ што ја сними како посвета на Тоше, во 2018 година.

Младиот крушевчанец кој е популарен кај девојките добива одлични коментари за песната на Јутјуб. „Кристијан, имаш преубава боја на глас и браво, браво, браво за песната! На моменти дури и ме потсети на Тоше, тоа значи дека си со тој квалитет и дека си на добар пат“, вели еден од нив.

Кристијан одамна се има преселено од родното Крушево, во кое оди, и често живее во Скопје.

Тој објави слика од својата убавица, гитарата која отсекогаш многу ја сака. Славните музичари, своите гитари обично така ги нарекуваат. На сликата која е на Инста стори се гледа дека тој живее некаде во центарот на Скопје и ужива во убав поглед.

На Фејсбук се појавија слики од Кристијан прегратка со Маринела Кнежиќ. Сликани се во центарот на Скопје и според сликите се гледа дека се многу среќни вљубени. За нивната љубов сведочат и коментарите под оваа слика.

-„Добар дечко е Кристијан“, е еден од коментарите. Фотката со Кристијан, Маринела ја ставила и како профилна слика на Фејсбук. На нејзиниот профил, пишува дека таа е од Метковиќ, од Хрватска.

Криситијан како добар домаќин, ја прошетал својата девојка низ Скопје, а останува да видиме дали ќе ја однесе и да го види неговото родно Крушево.

 

info7.news